Саксофон квартетот „Сигнум“ вечерва настапуваат на „Охридско лето“

- Локални
838

57- то издание на фестивалот „Охридско лето„ продолжува по патот на магијата. Вечерва со почеток во 20:30 часот во црквата „Св.Софија“ концерт ќе одржи саксофонскиот квартет „Сигнум“ од Германија.
„Сигнум“ го сочинуваат четворица млади уметници за кои музичките критичари оценуваат дека во својата музика носат смеса на мажевност и сензитивност.

Станува збор за академски музичари дипломци на музичките универзитети во Келн, Виена и Амстердам, со бројни награди и настапи на повеќе фестивали и престижни сцени низ Европа.Свирејќи главно без ноти пред себе, тие спонтано се наметнуваат на публиката, во линија со самата музика што ја изведуваат. Вечерва на нивната концертна програма се дела на Равел, Шостакович, Гершвин, Барбр, Пјацола, Корија, Зарвос.

Facebook Коментари