Стружани групно ќе скокаат во водите на реката Црни Дрим – 25 јули во 11:00 часот

- Локални
1626

Групното скокање во водите на реката Црн Дрим во Струга на 25 јули во 11:00 часот ќе го означи почетокот на фестивалот „Ynё Bizim Nostru Наш Amaro Naš Festival”

Настан е дел од проектот „Декада на припадност – Славење на различностите“, кој се реализира со цел  да придонесе во подобрување на меѓуетничките односи во југозападниот регион, преку зајакнување на соработката меѓу граѓанските организации, јавниот и приватниот сектор.

Фестивалот свечено ќе биде отворен од страна на  aмбасадорот на ЕУ г-дин Самуел Жбогар и градоначалникот на Струга г-дин Мустафа Забзун.

Програмата предвидува денски и вечерни настани. Настаните во текот на денот ќе се одржуваат во „Паркот на Поезијата“ каде ќе има изработка на мозаик, детско ликовно катче, фото катче,  како и презентација на стари занаети. Вечерниот дел од програмата подразбира видео презентации, диџеј  сетови, и музичка работилница.

„Во соработка со спортските клубови од нашиот град, одлучивме да го отвориме Фестивалот на еден типичен струшки начин – со скокање во нашиот Дрим од кејот помеѓу Дрвениот мост и Мостот на Поезијата) . Сите сте добредојдени да ни се приклучите!“ – велат организаторите

Проектот е финансиран од Европската Унија, а го имплементираат Локална агенција за развој од Струга и Граѓанската организација „Креативни и активни“ од Струга.

Извор: Strugaonline

Facebook Коментари