По повод 18мај, меѓународниот ден на музеите , во св. Наум , на самиот влез од ресторант “Острово” денеска во 12:30ч , свечено ќе биде отворена диорамата насловена “Живиот свет во Охридското Езеро”.
„Ја користам оваа прилика да се заблагодарам на сопствениците од ресторант “Острово” што ми ја дадоа својата доверба и финансираа еден ваков проект кој за мене значи дополнително искуство но и простор да ги покажам моите дела во областа на препараторската дејност!
Ве поканувам да го посетите ресторант “Острово” во Св. Наум за да можете одблиску да се запознаете со дел од живиот свет кој егзистира во Охридското Езеро!“ – напиша на својот профил авторот на оваа самостојна изложба, Васко Јолески.
Сите заинтересирани можат да присуствуваат на отворањето.
Strugaonline
Facebook Коментари