Лев банер Десен банер

Се гради втор резервоар за вода за пиење во Лабуништа

Започна  изградбата на втор резервоар за вода за пиење во селото Лабуништа со капацитет од 700 метри кубни.

По тој повод, вчера, градоначалникот на општина Струга , г. Рамис Мерко заедно со шефот на Кабинет Дашмир Насуфи, претседателот на совет г. Ресул Каба , пратеникот Агим Шаќири и други функционери од централната и локалната власт го посетија селото Лабуништа.

Ова, како што појасни градоначалникот Мерко, е втор резервоар за вода во Лабуништа, кој целосно ќе ги задоволи потребите со чиста вода за пиење на жителите во ова село.

– Ова е само почеток. Општината ќе продолжи со реализација на нови проекти во Лабуништа, но и во другите населени места. Ќе се потрудиме да ги задоволиме потребите на населението за подобар и поудобен живот во општина Струга, истакна Мерко.
Градежните работи, најави, ќе ги изведува фирмата ЕРР-КОП од Лабуништа. Изведувачот досега работеше на проширување на патот за полесна и побезбедна проодност до местото каде ќе биде резорвоарот за вода.
Во рамки на посетата на Лабуништа,  градоначалникот изврши увид и на градежните работи на спортската сала во селото,  каде е ставена подлогата, а од утре треба да почне поставувањето на железните столбови за градба.

Strugaonline

фото: Општина Струга

error: