Црвен крст на РМ – Општинска организација Струга денеска го организираше 42-от локален натпревар по прва помош. На натпреварот учествуваа ученици од основните и средните уличишта во Струга.

„Оваа дејност е една од најзначајните дејности на Црвен крст со цел уште во образовниот процес учениците да се подготват и да се информираат како се дава прва помош, а цел на Црвен крст е што повеке граѓани да бидат соодветно подготвени за да помогнат при незгоди во секојдневието и во сообраќајот.“ – изјави за Strugaonline Адуриме Даути, секретар во Црвен крст- Струга.


Оваа година натпреварувачите беа одлично подготвени. Победници на натпреварот од Основните училишта беа учениците кои ја сочинуваа екипата на ОУ „Браќа Миладиновци.“
Од средното образование најдобра беше екипата од ДСУ „Нико Нестор“ кои во септември ќе не’ престават на државен натпревар.
Извор: Strugaonline
Facebook Коментари