Општина Струга ќе аплицира за спроведување на програма за воспитни и лични асистенти за децата со лесна попреченост во развојот

- Локални
714

Општина Струга во рамките на програмата за одржливи вработувања на УНДП, Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување на Република Македонија ќе аплицира за спроведување на програма за воспитни и лични асистенти за децата со лесна попреченост во развојот од основно образование.

„Со цел за успешно реализирање на предлог проектот, ги молиме сите заинтересирани родители да се јават во просториите на Општина Струга, секој работен ден, најдоцна до 18.05.2018 година (петок).“ – стои во соопштението од Општина Струга

Strugaonline

 

Facebook Коментари