На Плоштадот на Револуцијата во Струга, трета година по ред се одржа „Саемот на медот“.
Манифестација што ја организира Здружението на пчелари „Матица“ од Струга, помогнато од Општина Струга.
„Саемот на медот“ 2017 во Струга беше отворен на 5-ти август од страна на градоначалникот на Општина Струга, д-р. Мустафа Забзун кој имаше свое обраќање и претседателот на Здружението „Матица“ Шефит Шемшедини.
На „Саемот на медот“ со свои производи учество зедоа пчелари пензионери од Скопје, Штип, Охрид, Дебар, Виница, Македонски Брод и Струга.
„Саемот на медот“ во Струга се организира по трети пат и е традиционален, а целта е да се промовираат пчеларските производи и да се иницира поголема застапеност на младите на оваа стопанска дејност во Македонија каде има одлични услови за оваа дејност вели еден од искусните пчелари од Струшка општина Петко Шипинкаровски.
Гости на овогодишната манифестација на медот 2017 имаше од Србија и Албанија.
Извор: StrugaOnline
Facebook Коментари