Верица Мукоска го промовираше својот прв роман “Дневникот на длабоките тајни„

- Локални
2735

„Дневникот на длабоките тајни“ е насловот на првото прозно дело на Верица Мукоска, а светлината на денот ја доживеа на вчерашната промоција која се одржа во Црквата „Св. Никола.“

Мукоска е млада авторка, од мали нозе вљубеник во поезијата, но со романот „Дневникот на длабоките тајни“ го покажува својот талент и во прозата.

Читателите ќе имаат можност да прочитаат еден возбудлив роман полн со емоции, конфликти, заплети и опис на меѓучовечките односи во различни животни околности, но и перипетии кои можат да настанат во едно семејство пропратени со силни психолошки моменти.

Верица Мукоска е родена на 10 март 1999 година во Вевчани.  Автор е на стихозбирката „Стихови од срцето на природата“, учесник е на повеќе литературни средби и добитник е на благодарници и дипломи за читање и пишување.

Извор: Strugaonline

Facebook Коментари