Седмото издание на „Drim Short 2023“ ќе се одржи од 14 до 17 август во Струга

- Локални
228

Под мотото „Неопходна убавина“ седмото издание на фестивалот на краток филм „Drim Short 2023“,  оваа година ќе се одржи од 14 до 17 август во Струга.

,,Денес, кога околу нас видливо недостасуваат едноставност, разбирање и мир, среќни сме што со специјалните мали нешта, наречени кратки филмови, придонесуваме во разубавување на времето во кое живееме. Кога светот е во опасност, убавината ќе го спаси. Кога реалноста натежнува, неопходна е убавина. Со 7-то издание на ,,Drim Short Film Festival”, под мотото „Неопходна убавина“ ќе посакаме нашиот фестивал да биде само еден од многуте културни блесоци кои ни се потребни.“-велат организатоите.

Фестивалската програма и оваа година ќе биде распределена во четири фестивалски денови, со филмови во натпреварувачки категории и тоа регионална, интернационална, студентска и специјална програма „Соочување со минатото“. Покрај натпреварувачките програми, фестивалот ќе содржи и ревијални, гостински и специјални филмски програми. Неизбежен сегмент од целиот фестивал повторно ќе биде едукативниот дел, пропратен со мастер класови, дискусии и работилница за краток филм како дел од регионалната мрежа на фестивали за краток филм Balkan Short Film Network. Музичката ОФФ програма како и секогаш ќе биде воздишка од богатите филмски вечери.

Strugaonline

Facebook Коментари