Шпанска вечер на фестивалот „Охридско лето“. Ќе настапат сопранистката Еугенија Боикс во пијано придружба на Ана Ферер.
На репертоарот ќе изведат дела од: Енрике Гранадос, Федерико Момпу, Јоакин Турина, Мануел де Фаља, Пабло Луна и Франциско Асењо Барбиер.
Концертот ќе се одржи во црквата „Св.Софија“ со почеток во 21:00 часот.
Еугенија Боикс во текот на својата кариера настапувала во повеќе оперски куќи со одлични оркестри, под диригентската палка на еминентни диригенти од светот. Во нејзиниот репертоар, покрај оперите, често може да се сретнат и ораториуми. Има направено и снимки за повеќе радија во Шпанија и надвор од неа, меѓу кои и Националното радио на Шпанија, португалски и австриски радио станици за класична музика, БиБиСи и телевизијата „Медичи“.
Ана Ферер редовно настапува како камерен музичар во состави со признаени музички уметници, но не ја запоставува ни својата солистичка дејност, соработувајќи притоа со различни оркестри во повеќе земји во светот. Има направено снимки за радио и телевизиски станици, а често издава и компакт дискови за германските издавачки компании „Lambdoma“ и „Goodlife Records“. Истовремено води и одлична педагошка дејност на Конзерваториумот во Жирона, каде веќе 12 години го води одделот за пијано и камерна музика.
Извор: ОхридПрес
фото: архива
Facebook Коментари