Дивата депонија во Струга синоќа гореше со најсилен интензитет до сега . Повторното палење на депонијата од непознат сторител создаде загрижувачка слика во градот кој повторно беше обвиен со облаци од чад. Дополнително, состојбата ја влоши ветерот кој чадот го прошири низ целиот град.
Денешниот протест за одговорност организиран од страна на Граѓанската иницијатива „Доста“ се очекува да биде најмасовен, и на социјалните мрежи синоќа можеше да се забележат реакции на загрижени граѓани кои повикуваат сите стружани да учествуваат во денешниот протест за да се врати чистиот воздух во Струга. Еколозите велат дека проблемот со струшката депонија трае околу петнаесеттина години и дека на Струга и се заканува еколошка катастрофа. Овој проблем беше актуеализиран за време на Велигденските празници и од тогаш депонијата гори некогаш со помал, некогаш со поголем интензитет.
Денешниот протест ќе се одржи пред Општина Струга и Основно Јавно Обвинителство Струга (Основен Суд)
Збирно место, паркинг пред Центар за Управување со Кризи (зграда на Народна Одбрана) во 12 часот.
Фото : Facebook.
Facebook Коментари