Стружани денеска ќе излезат на протест за одговорност

- Локални
994

Денеска , во организација на Граѓанската иницијатива „Доста“ стружани на протест ќе испратат порака дека само со  одговорни институции, одговорни индивидуи и одговорно однесување може да се дојде до  решение на проблемот со струшката дива депонија и  до идно превенирање од вакви слични појави.

Протестот ќе се одржи пред Општина Струга и Основно Јавно Обвинителство Струга (Основен Суд)
Збирно место, паркинг пред Центар за Управување со Кризи (зграда на Народна Одбрана) во 12 часот.

Oвој протест се очекува да биде најмасовен до сега, со оглед на тоа дека синоќа депонијата повторно гореше со силен интентизет.

Инаку, вчера во работна посета на Струга беше Министерот за животна средина г-дин Садула Дураку кој одржа работна средба со градоначалникот на Општина Струга г-дин Мустафа Забзун со единствена приоритарна тема : Решавање на проблемот со дивата депонија.  Деновиве, на изнаоѓање соодветно решение за овој проблем ќе работи експертска група.

 

Извор: Strugaonline/Општина Струга

Фото од работната средба : Општина Струга

 

 

Facebook Коментари