Славе Билјан од месна индустрија „Билјанови“ ја доби престижната награда Business Elite„40 UNDER 40“

- Локални
2378

Месна индустрија Билјанови се закити со уште една награда. Управителот Славе Билјан ја доби наградата Business Elite„40 UNDER 40“

Наградата Business Eliteе дел од Global Top Brands Awards кои поаѓаат од идејата за препознавање на најуспешните бизнис луѓе од целиот свет и нивно поврзување со цел да им се овозможи дополнително проширување на нивните бизниси.Наградата Business Elite’s „40 under 40“се доделува за извонредни постигнувања на четриесет претприемачи и менаџери од Југоисточна Европа  кои се на возраст до четриесет години.

По номинацијата од страна на организаторот, управителот Славе Билјан беше избран за еден од 40-тите млади претприемачи од Југоисточна Европа и ја доби оваа престижна награда.

Овие награди не поттикнуваат да работиме и да се справиме со стресното бизнис секојдневие, како и да постигнеме нови работни успеси. Им ја честитам наградата на сите добитници и посакувам  понатамошна успешна соработка на членовите на Бизнис Елита 40 – истакна Славе Билјан, управителот на ДПТУ БИЛЈАНОВИ ДОО – Струга на Гала вечерта во Huis Bartolotti, Aмстердам на церемонијата за доделувањето на престижната награда Business Elite’s „40 under 40“.

Strugaonline

 

 

 

Facebook Коментари