Со Бадникова поворка дечињата во Струга го навестија Христовото раѓање

- Локални
1076

Струга и оваа година ја продолжи традицијата на најавување на големиот христијански празник Христовото раѓање – Божик.

Бројни верници утрово присуствуваа на утринската Богослужба во црквата Св. Ѓеоргиј во Струга, а потоа се одржа и Бадниковата поворка со која дечињата од Струга и Струшко го навестија Христовото раѓање. Тие ја пееа Божиќната песна „Вечниот Бог“ и ја доживеаа убавата духовна енергија и Божјата благодат.

После активностите на Бадниковата поворка, во дворот на црквата се делеше топол чај и посни колачи.

Strugaonline

Facebook Коментари