Лев банер Десен банер

Со дефиле под маски денеска почнува Вевчанскиот карневал

Синоќа со музичката програма започна Вевчанскиот карневал, едно од главните обележја за празникот Св. Василиј, односно Василица. Настапија Пајак, Ареа и бендот Забрането пушење. Вечерва ќе настапат Љубојна, Наум Петрески, оркестарот со зурли и тапани Вевчани, а по нив настап ќе имаат Перо Бели и Коки Биоритам.

Маските по традиција се чуваат во тајност, сé до дефилето на двете василичарски друштва од Горна и Долна маала, што ќе се одржи денеска во попладневните часови кога цело Вевчани станува еден голем театар на отворено и сета енергија на василичарите се впива во преубава атмосфера.

Карневалот завршува на 14 јануари каде со василичарско оро и палење на маските се става крај на настанот кој се организира со векови.

StrugaOnline

error: