Православните вернии вечерва ќе ја дочекаат Стара Нова година, а утре ќе го слават празникот Василица. Според верувањата, празникот Василица го означува почетокот на новата година и сите си посакуваат најубави желби за годината што следува. За многумина, Василица е и куќна слава, а обичаите за овој голем празник се различни во различни делови од Македонија. Во некои семејства лепче со паричка се меси за Бадник, а кај други токму на Василица тој кој ќе ја најде паричката ќе биде најсреќен во семејството.
Василица во нашиот регион е синоним за Вевчанскиот карневал, а палењето на Василичарскиот оган е симбол на Божествената светлина.
Именден слават сите кои го носат името на Св. Василиј Велики.
Strugaonline
Facebook Коментари