Со дискусија и премиера на документарни филмови за Струга завршува проектот „Граѓаните на нашиот град, главни актери или неми статисти“

- Локални
412
Преку два клучни настани, во Струга ќе биде заокружена реализацијата на проектот „Граѓаните на нашиот град, главни актери или неми статисти“, поддржан од Civica Mobilitas.
Во сабота 05.12.2020, 12:00 часот во, фоајето на НУЦК Браќа Миладиновци- Струга ќе се одржи
јавна дискусија на тема „Живот во идеален свет: Чисто крајбрежје – слобода на граѓаните“, на која учество ќе земат урбанисти и архитекти од Струга, а ќе биде презентирано и идејно решение за живот без дивоградби на младиот архитект Јордан Лазороски. Максималниот број на гости на дискусијата е 30, со задолжително носење на заштитни маски и придржување до здравствените протоколи.
Истиот ден во 17:00 часот во струшкиот центар за култура ќе има премиера на четири струшки, креативни документарни филмови, комплетно напишани, снимени, режирани, монтирани, продуцирани од млади стружани, кои решија да станат главни актери и на уникатен начин, преку филмот да го кренат својот глас и да ги адресираат проблемите кои сите ги чувствуваат во нашиот град. Максималниот број на публика во кино салата е 130, со задолжително носење на заштитни маски и придржување до здравствените протоколи.
,,Горди сме и среќни што успеавме во краток период, на петнаесетина млади стружани да им ги пренесеме основите на филмската уметност, а уште повеќе што заедно со нив снимивме четири документарни филмови кои ќе останат засекогаш, како белег на нивната младост и нашата заедничка борба за поубава Струга.“ – велат од продукцијата Bager Genesis 2.0 која го реализираше овој проект .
Strugaonline

Facebook Коментари