Со изложбата ,,SU3023“ вечерва ќе ја замислиме Струга 1000 години во иднината

- Локални
180

Вечерва со почеток од 20:00 часот во Центарот за култура ,,Браќа Миладиновци“ во Струга ќе биде отворена мултидисциплинарна ликовна изложба SU3023

Станува збор за изложба составена од дела на уметници од Србија, Нов Зеланд, Канада, САД и С.Македонија. Изложбата е кулминација на делото што беше создавано во текот на две неделна „резиденција: Ластар“ во Струга.

,,Овој проект има за цел да вклучи меѓународни уметници со локалниот пејзаж и заедница и да изгради мрежа на идеи преку заеднички работилници, активности, читања и предавања.Оваа изложба е времена активност, каде што активноста ќе се развива во текот на работното време. Изложбата ќе вклучува перформанси, интеракција со публиката, цртеж, анимација, видео, звук, средина за виртуелна реалност и скулптура/инсталација. Темите на изложбата се развија од оние истражени за време на престојот, вклучително и замислување на Струга 1000 години во иднината, преиспитување на интеракцијата на технологијата или вештачките интервенции со екологијата или природниот пејзаж, улогата на публиката и перспективата во уметноста и улогата на телото во маневрирањето околу постојаното натрупување предмети во вселената.“-информираат организаторите.

Тие ги повикуваат љубителите на уметноста да дојдат на оваа изложба и сите заедно да ја замислиме Струга во 3023 година.

Strugaonline

Facebook Коментари