Со изведба на претставата „Сопружници“, Народен Театар Охрид прославува 10 години постоење

- Локални
403
По повод роденденот и јубилејот- Десет години  Народен Театар Охрид, на репертоарот ќе биде изведена претставата “Сопружници” во  режија на Драгана Таневска. Претставата ќе биде одиграна во четврток, 3-ти јуни  со почеток во 20.00 часот, цена на карта 200 денари.
Играат:
Гејб – Ивица Цонев
Џуди – Елизабета Стефановска
Џек – Никола Тодороски
Сали – Адријана Билаловиќ Тодороска
Мајкл – Филип Кипровски
Сценограф – Борис Далчев, Ванчо Василев
Костимограф – Ванчо Василев
Инспициент – Филип Ангеличин – Жура
Светло – Борис Велјаноски
Тон – Митко Серафимоски
Избор на музика – Драгана Таневска
Дизајн на плакат – Борис Далчев
,,Сопружници” претставува песимистичко гледиште за романтичната љубов и бракот. Хуморот во претствата произлегува од реалноста на ситуациите. Ликовите не можат да ги надвладеат своите слабости и желби и затоа влегувааат во апсурдни ситуации кои се комични. Тоа пак, од друга страна е и специфичноста на хуморот на Вуди Ален, кој многу мудро и реално ги анализира ситуациите и карактерите – вели режисерката  Драгана Таневска.
Организаторите најавуваат дека претставата ќе се игра согласно сите важечки здраветвени протоколи за заштита од COVID-19.

Facebook Коментари