Со креативна фотосесија Балетското студио „БАХ“ го одбележа Светскиот ден на танцот

- Локални
1384

Балетското студио „Бах“ го одбележува 29-ти април, Светски ден на танцот. Во услови на пандемија за жал не можеше да се одржи танц-парадата со која „Бах“ минатата година ја развесели Струга во секоја смисла на зборот, но Баховки и во овие условии пронајдоа креативен начин за одбележување на танцовиот ден. Својата уметност ја изразија со професионална фотосесија работена со почитување на сите мерки за заштита од КОВИД 19.

„Taнц-парадата што требаше да се одржи и годинава, бевме приморани да ја откажеме поради моменталната ситуација. Идејата за оваа фотосесија беше на Кристина Мукоска Затуроска која со „БАХ“ соработува повеќе од десет години. Од една страна го одбележуваме Светскиот ден на танцот, а од друга страна, со оглед на тоа дека секогаш негуваме позитивни вредности, и во ова тешко време најдовме уметнички начин да ставиме печат на ова што денес го живееме, маските на лицата на нашите членки на овие фотографии сфатете ги и како заштита но и како украс на нивните прекрасни лица.“-вели Тања, кореограф и идеен творец на Балетското студио „БАХ“

Балетското студио БАХ кога беа донесени мерките за заштита од КОВИД 19 работеше на нов проект кој ќе го доживее своето остварување кога за тоа ќе дојде вистинското време.

„Работиме навистина огромен проект со кој многу ќе ја изненадиме публиката, само неговото остварување е малку одложено породаи условите. Штом ќе завршат мерките, веднаш почнуваме со работа, ќе имаме напорно лето, но се’ ќе реализираме со големо задоволство, затоа што танцот е наш начин на живот, со нетрпение чекаме да му се вратиме. До тогаш, освен оваа фотосесија, за публиката подготвуваме и видео со кое и во вакви услови го негуваме танцот“.-додава Тања за Strugaonline.

Во продолжение погледнете дел од фотосисијата по повод Светскиот ден на танцот

Strugaonline

фото: Кристина Затуроска

 

 

 

 

Facebook Коментари