Со недолични содржини оштетена фасадата на Центарот за култура ,,Браќа Миладиновци“

- Локални
761

Со недолични содржини е оштетена фасадата на Центарот за култура ,,Браќа Миладиновци“ во Струга, како и делот каде што е изработен муралот посветен на Владо Малески.

,,Центарот за култура е јавен објект и национална институција која припаѓа и работи во интерес на нашата заедница. Ваквите вандалски чинови се пред сѐ непочитување на сограѓаните и општествено одговорните компании кои несебично вложуваат свои ресурси. Укажуваме дека Центарот е со постојан видео надзор и во соработка со МВР Струга ќе бидат санкционирани сите вакви оштетувања и недозволени графити.“-стои во соопштението од струшкиот Центар за култура.

Директорката Николина Велкоска Глигороска ја информираше редакцијата на Strugaonline дека оштетувањата ќе бидат санирани од понеделник.

Strugaonline

Facebook Коментари