Со претставата „Енергични луѓе“ Народниот театар Охрид ja започнува новата сезона

- Локални
425
Со претставата „Енергични луѓе“ според авторот Василиј Шукшин, а во режија на Александар Ивановски, Народниот театар Охрид ja започнува новата сезона, претставата ќе биде изведена во вторни 30.08.2022 година, со почеток во 20.00 часот.
Во претставата игра добро познатата актерска екипа, Горан Стојаноски, Никола Тодороски, Биљана Билаловиќ Вељаноска, Стрезо Стаматовски, Павел Маслов и Адријана Билаловиќ Тодороска.
Сценографијата и графичкиот дизајн е потпис на Филип Коруновски, а костимите на Невенка Тасева Петровиќ.
Претставата, иако сместена во социјалистичките 70-ти од минатиот век, е исклучително актуелна, со заплет кој носи урнебесен расплет, кој освен што до солзи ја насмејува публиката праќа и квалитетна порака за одредени општествени моменти кои се на некој начин многу важни.
Картите по цена од 200 денари на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид. Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066.

Facebook Коментари