Со претставата ,,Крик за љубов“ Народен театар Охрид ја започнува новата сезона

- Локални
625

Со премиерата на претставата „Крик за љубов“ од Жозиен Баласко, во режија на Љупчо Ѓорѓиевски, НУ Центар за култура „Григор Прличев“ од Охрид и Народниот театар Охрид ја започнуваат новата сезона.

Претставата ќе се игра во петок, на 10-ти септември 2021 година, со почеток во 20:00 часот во Големата сала при Центарот за култура.

Играат: Адријана Билаловиќ Тодороска, Никола Тодороски, Ивица Цонев и Горан Стојаноски.

Билетите по цена од 200 денари се веќе пуштени во продажба на билетарата при НУЦК „Григор Прличев“ во Охрид. Телефон за резервации 046/261-063 и 075/283-066.

Претставата ќе се игра согласно сите здравствени протоколи и пред ограничен број публика.

За влез потребно е да поседувате и приложите еден од следниве документи:

-сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примена најмалку прва доза на вакцина против заразната болест Covid-19 и
-сертификат/потврда за прележан Covid-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.
-сертификатот/потврдата не се однесува за лица под 18 годишна возраст.

Facebook Коментари