Американско катче- Струга организира хуманитарна акција, вклучете се и донирајте

- Локални
586

По повод одбележување на Американскиот национален ден на служба и сеќавање на жртвите и преживеаните, како и на сите оние кои несебично помагаа при нападот од 11-ти септември 2001 година, Американско катче Струга, со поддршка на Амбасадата на САД во Скопје, организира хуманитарно собирање на донации во вид на храна (конзервирана или храна што не се расипува), училиштен прибор и средства за хигиена.

Примањето на донации ќе се врши на 7-ми, 9-ти и 10-ти септември, од 09:00 до 13:00 часот, а собраните донации ќе бидат предадени на Црвениот крст во Струга, за понатамошна распределба на семејства кои имаат потреба.

Сите кои сакаат да помогнат  донациите треба да ги однесат во просториите на Американско катче Струга, во стариот објект на основното училиште „Браќа Миладиновци“.

 

Facebook Коментари