Со претставата ,,Сопружници“ започнува театарската програма во охридскиот Центар за култура

- Локални
619

Со претставата ,,Сопружници“ од Вуди Ален, во режија на Драгана Таневска, идниот петок, 4-ти февруари, започнува тетарската програма за годинава во Центарот за култура „Григор Прличев“.

– „Сопружници“ претставува песимистичко гледиште за романтичната љубов и бракот. Хуморот во претствата произлегува од реалноста на ситуациите. Ликовите не можат да ги надвладеат своите слабости и желби и затоа влегувааат во апсурдни ситуации кои се комични. Тоа пак, од друга страна е и специфичноста на хуморот на Вуди Ален, кој многу мудро и реално ги анализира ситуациите и карактерите, вели режисерката Таневска.

Во претставата играат: Ивица Цонев како Гејб, Елизабета Стефановска во улогата на Џуди, Никола Тодороски како Џек, Адријана Билаловиќ- Тодороска како Сали и Филип Кипровски како Мајкл.

Претставата ќе се одигра во малата сала на Центарот за култура „Григор Прличев“ од 20:00 часот, а цената на билетот е 200 денари.

Согласно здраветвените протоколи за заштита од COVID-19 претставата ќе се игра пред ограничен број публика. За влез потребен е сертификат за извршена имунизација од вирусот SARS-CoV-2, односно вакцинирани со две дози со вакцина против COVID-19 или потврда за прележан вирус во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето. Сертификатот/потврдата не се однесува за лица под 18 годишна возраст.

Facebook Коментари