Со средства од МОН ќе се реконструираат фасада, подови и внатрешно уредување во ООУ ,,Браќа Миладиновци“ во Струга

- Локални
478

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири, заедно со градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко гo посетија основното училиште „Браќа Миладиновци“ во Струга, каде ќе се изврши реконструкција на фасада, подови и внатрешно уредување, за што Министерството за образование и наука од буџетот одвои 29.881.380 денари.

-Оваа активност е од особено значење како за МОН, така и за општина Струга. Во таа насока порачувам дека само со заедничка визија ќе придонесеме за квалитетен образовен систем во Република Северна Македонија. И во услови на криза, приоритетите во насока на подобрување на образованието, за МОН и Владата остануваат непроменети.-стои во објавата на министерот Шаќири.
Strugaonline

 

Facebook Коментари