Со строги протоколи, утре ќе се одржи традиционалната Струшка Литија

- Локални
862

Под строги здравствени протоколи за заштита на населнеито од ширење на коронавирусот, без традиционалните торжества и толпата верници утре низ струшките улици ќе се одржи познатата Литија со моштите на „Свети Георгиј Победоносец“ и чудотворната икона на светецот.

Организаторите апелираат до верниците, доколку сакаат се поклонат пред моштите тоа да го направат од балконите или тротоарите со почитување на здравствените протоколи.

-Поради актуелната состојба со пандемијата од Ковид 19 годинашната Литија ќе се одржи под строги здравствени протоколи. Низ улиците ќе поминат моштите од Свети Георгиј Победоносец и чудотворната икона со братството и сестринството од Бигорскиот и манастирот во Рајчица, без оркестарот и традиционалните торжества. Апелираме до верниците да не се движат во толпата. Доколку сакаат да се поклонат пред моштите тоа да го направат од балконите и тротоарите со почитување на мерките за заштита, држење растојание и носење заштитна маска, посочи организаторот во изјава за МИА.

Според првичните информации, Литијата ќе се одржи под силно полициско обезбедување и строго почитување на протоколите.

Традиционално на вториот ден Ѓурѓовден, 7 мај, во Струга се одржува Литија со моштите од Свети Георгиј Победоносец од истоимениот манастир во Рајчица. Годинава, во услови на пандемија, моштите од светецот ќе пристигнат од манастирот во Рајчица на раскошно украсен епитаф и по отслужување на вечерната богослужба, Литијата ќе почне да се движи низ Струшките улици околу 17 :00 часот.

Извор: Република

фото: Strugaonline архива

Facebook Коментари