Утре со почеток во 19:30 во Центар за култура ,,Браќа Миладиновци“ ќе се одржи свечена манифестација- Чествување по повод 160 години од издавањето на Зборникот на Браќата Миладиновци.
Во рамките на програмата, предвиден е настап на младиот музичар Христијан Миладинов, а потоа ќе следува Беседа на Ристе Миладин и Петар Аврамовски. Публиката ќе има можност да го погледне документарниот филм посветен на Браќата Миладиновци, а потоа ќе следуваат настапот на Хор ,,Весели бисерчиња“. За крај, публиката ќе ужива во настапот на КУД ,,Илинден“ од Струга.
Strugaonline
Facebook Коментари