Балетското студио ,,БАХ“ на сцена ја донесе својата земја на танцот, балерините беа беспрекорни Алиси

- Локални
679

Спектакуларна сценографија, вжештена атмосфера, култура, танц и уметност во најсофистицираната смисла на зборот- вака помина годишниот концерт на Студиото за танц ,,БАХ“.

Со наслов ,,Алиса во земјата на танцот“ Баховки на сцена ја донесоа балетската приказна во која најмногу се пронаоѓаат, затоа што оваа година беше лична и интимна. Покажаа како е да се порасне и да се созрее во ритамот, во посебната земја каде танцот е нитката преку која се изразуваат себеси и своите соништа што смело го остваруваат.

И годинава понудија креативни кореографии доловувајќи ја емотивната приказна на секоја балерина. Ја претставија земјата каде понекогаш не е лесно, но секогаш вреди да се посветат, да се потрудат и да го покажат најдоброто од себе.

-Концерот помина беспрекорно, Струга и годинава може да биде горда на нас. Уште еднаш покажавме дека секоја година ја продолжуваме праксата и ја остваруваме својата цел- да понудиме врвно подготвено шоу.  Публиката имаше можност да доживее и да почувствува несекојдневни моменти полни со емоции и уметност. -вели Тања, кореограф и идеен творец на Студиото за танц ,,БАХ“ .

Од БАХ се надеваат дека ќе ја реализираат идејата, следната недела да има реприза на концертот ,,Алиса во земјата на танцот“ на Летната сцена во Струга, за што публиката ќе биде благовремена известена.

Strugaonline

Facebook Коментари