Сообраќајка кај месноста „Блато“ во Струга, повредени три лица

- Локални
815

На 14-ти јули 2022 година, во 16:40 часот во СВР Охрид било пријавено дека кај место викано „Блато“ во Струга се случила сообраќајна несреќа, во која се повредени три лица.

 – Незгодата се случила помеѓу патничко моторно возило марка „Мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, управувано од страна на 26-годишниот Б.А. од струшкото село Радолишта и патничко моторно возило „Бмв“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Е.Л.(33) од селото Калишта. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, а со телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „Бмв“, 28-годишниот М.Х. од селото Радолишта, констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица од Струга, информираат од МВР.

извор: МВР

фото: архива

Facebook Коментари