Сообраќајка кај „Мороишки мост“, повредено едно лице

- Локални
1620

На 19-ти јануари 2024 година, околу 22:00 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на регионалниот пат Р1201, кај место викано „Мороишки мост“, струшко, се случила сообраќајна незгода во која е повредено едно лице.

– Во незгодата учествувало патничко возило марка „Рено“ со струшки регистарски ознаки, управувано од страна на 37-годишно лице од струшкото село Враништа, кое излетало од патот. Во несреќата, возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во ЈЗУ Специјална болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица од Струга, информираат од МВР.

Извор: МВР

фото: архива

Facebook Коментари