Сообраќајна незгода на патот Струга-Охрид, повредени се четири лица

- Локални
638

На 21.08.2021 во 17.20 часот на регионалниот пат Струга – Охрид, случена е сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Опел“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Е.М.(22) од Струга и патничко возило „Фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(49) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Д.П., а со телесни повреди се здобиле 16-годишна сопатничка во возилото „Фиат“, возачот Е.М. и сопатникот во неговото возило А.Б.(18) од струшкото село Поум, констатирани во Медицински центар Струга. Увид на местото изврши екипа од полициската станица Струга.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари