Утре (22.06.2018) година во 14 часот, во Општина Охрид во присуство на министерот за здравство во владата на РМ, Г-дин Венко Филипче и грдоначалникот на Охрид г-дин Јован Стојаноски, Здружение за еднаква застапеност на лица со посебни потреби во медиумите СОС БАЛКАНМЕДИА -Охрид ќе предаде донација на Општина Охрид. Министерот Венко Филипче од име на Здружение за еднаква застапеност на лица со посебни потреби во медиумите СОС БАЛКАНМЕДИА -Охрид ,на охридскиот градоначалник ќе му додели вредна донација –Пристапни рампи за лица со посебни потреби. Вредноста на донацијата изнесува 25.000 евра.
„Со овој чин се завршува првата фаза со која лицата со посебни потреби ќе добијат пристап до секоја институција, а воедно Општина Охрид ќе постане прва Општина во РМ ,каде лицата со посебни потреби ќе добијат едношалтерска услуга и сите потребни документи општината ќе им ги доставува преку лице со лесен телесен хендикеп ,кое лице ќе биде вработено во општина Охрид,а воедно постанува и прва општина која ги отвори сите врати за лицата со хендикеп.“ – велат од СОС БАЛКАНМЕДИА
Strugaonline
Facebook Коментари