На 28-ми јуни во Струга започнува најновото издание на фестивалот „Аларм за природата“

- Локални
1212

Во период од 28-ми јуни до 02-ри јули во Ливадиште, Струга ќе се одржи најново издание на фестивалот „Аларм за природата“. Најавена е богата програма , во текот на четирите фестивалски денови ќе бидат спроведени анкети, ќе биде презнтирана Slam поезија-Аларм за природата, а предвидено е да се претстават и низа еколошки и еко-хуманитарни проекти. Целта на овој креативен фестивал е да се разбуди свеста за нашиот однос кон природата и важноста за нејзиното зачувување и неуништување.За да се оствари токму таа цел, повеќе здруженија за заштита на животната средина ќе одржат свои презентации, а најавена е и богата музичка програма. На крајот на фестивалот ќе бидат прогласени и еко поедицен, еко-училиште, еко – волонтер и на сите учесници ќе им бидат доделени благодарници.

Strugaonline

Facebook Коментари