Советниците од ВМРО-ДПМНЕ-Струга со предлог мерки за справување со корона-кризата

- Локални
768

На денешната седница на Советот на Општина Струга, советниците на ВМРО-ДПМНЕ, ќе достават предлог мерки за полесно справување со кризата предизвикана од корона вирусот.

Овие мерки се однесуваат на обезбедување на Надоместок за погодените занаетчии, земојделци и економски субјекти, ослободување и намалување на плаќањата, по основ на даноци и такси кон Општина Струга, а средствата ќе се обезбедат преку пренамена на одредени ставки од расходната страна, како и со кратење на сите непотребни расходи кои за време на година во која има вонредна состојба и криза од ваков карактер треба да бидат редуцирани или целосно намалени.-информираат од ВМРО ДПМНЕ -Струга.

Конкретно, станува збор за следниве предлог мерки:

Мерка 1. Надоместок за помош за занаетчии, земјоделци и економски субјекти кои се затворени (не работаат) поради пандемијата со вирусот COVID-19

– итна ПРЕНАМЕНА на средствата наменети за Патни и дневни расходи и Расходи за репрезентација (за преостанатите 8 месеци) во средства наменети за НАДОМЕСТОК ЗА ПОМОШ ЗА ЗАНАЕТЧИИТЕ, ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ И ЕКОНОМСКИТЕ СУБЈЕКТИ кои во моментов се погодени и затворени поради почитување на мерките за заштита од пандемијата со COVID-19 вирусот од страна на Владата во износ од по минимум 10.000,00 денари месечно за месеците април и мај (во зависност на бројот на вработени и обемот на економска активност која е извршувана во изминатиот период пред кризата).

Мерка 2. Данок на имот од физички лица и правни лица

–  50% НАМАЛУВАЊЕ по овој данок за сите физички лица и правни лица кои се даночни обврзници на овој данок за 2020-та година.

– ОСЛОБОДУВАЊЕ од плаќање на данок на имот, за 2020-та година за лица кои останале без работа како резултат на економската криза од пандемијата со вирусот COVID-19

Мерка 3.Комунална такса за истакнување на фирма – фирмарина:

– да бидат ОСЛОБОДЕНИ од плаќање за 2020-та година на оваа такса сите економски субјекти кои имаат директна загуба, не извршуваат никаква економска активност и се погодени од настанатата ситуација со COVID-19 вирусот.

– 50% НАМАЛУВАЊЕ на оваа такаса за останатите субјекти кои извршуваат економска активност, но со намален обем.

Мерка 4. Комунална такса за користење на улици со патнички, товарни, моторни возила, автобуси, специјални возила и моторцикли при регистрација на возилата:

– 50% НАМАЛУВАЊЕ за сите правни и физички лица поради настанатата ситуација со COVID-19 вирусот по оваа такса за 2020-та година.

Мерка 5. Комунална такса за користење на просторот пред деловни простории за вршење дејност

– 50% НАМАЛУВАЊЕ за сите правни лица по оваа такса за 2020-та година.

Мерка 6. Комунална такса за истакнување на реклами, објави и огласи на јавни места- Да бидат ОСЛОБОДЕНИ од плаќање сите правни лица по оваа такса за 2020-та година.

 Мерка 7. Камата за ненавремено плаќање на комунални такси

Да бидат ОСЛОБОДЕНИ од плаќање сите правни и физички лица по оваа камата за 2020-та година

Мерка 8. Одложено плаќање на трошоци за водовод и канализација и комунални услуги, за лица кои останале без работа поради економската криза произлезена од пандемијата со вирусот COVID-19 за 6 месеци

 Мерка 9. Поврат на средствата уплатени на име туристичка такса за 2020-та година за хотели и приватни сместувачки капацитети

 Мерка 10. Ослободување од месечен надоместок во градинка за 2020-та година за деца чиј/и родител/и останал/е без работа поради економската криза произлезена од пандемијата со вирусот COVID-19

 Мерка 11.Запирање на постапка за поднесување тужби за наплата на парични побарувања и дејствија пред извршители и нотари до септември 2020

Општина Струга и јавните претпријатија формирани од општина Струга, да не поднесуваат тужби за наплата на парични побарувања до надлежни судови, предлози за издавање нотарски патни налози до надлежни нотари и барања за спороведување извршување кај надизвршители, ниту да презема било какви други дејствија за наплата на побарувања, освен во случаи кога постои опасност од застарување на истите,

Мерка 12. Формирање на солидарен фонд во рамките на Општина Струга за помош на физички и правни лица

 Мерка 13. Итна и брза реализација на капиталните инвестиции предвидени во буџетот за 2020-та година

Кратење на непотребните расходи во ставките од расходната страна на буџетот на Општина Струга за 2020-та година

-Патни и дневни расходи (за преостанатите 8 месеци)

-Списанија, весници и други изданија за користење од страна на вработените (за преостанатите 8 месеци)

-Други материјали (за кои не е наведена намена) – (за преостанатите 8 месеци)

-Други договорни услуги (за кои не е наведена намена) – (за преостанатите 8 месеци)

-Расходи за репрезентација (за преостанатите 8 месеци)

-Семинари и конференции (за преостанатите 8 месеци)

-Други оперативни расходи (за кои не е наведена намена) – (за преостанатите 8 месеци)

-Привремени вработувања (за преостанатите 8 месци)

-Други трансфери (за кои не е наведена намена)

-Купување на кујнска опрема

-Купување на друга опрема (за кои не е наведена намена)

-Купување на канцелариски мебел

-Купување на друг мебел (за кои не е наведена намена)

„Искрено се надеваме, дека Советот на Општина Струга, ќе ги прифати овие предлог мерки со кои во ова тешко време, ќе им се помогне на стопанствениците и на граѓаните.“ – стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ Струга

 

 

Facebook Коментари