Станица за технички преглед – „Еуро Контрол“ ќе донира пакети со храна и детергенти на семејства од ранливите категории

- Локални
901

Станица за технички преглед – Еуро Контрол организира хуманитарна акција во услови на  новонастанатата ситуација со COVID-19. Целта е да им се излезе во пресрет на фамилиите со потешка финансиска состојба при што „Еуро Контрол“ ќе донира пакети со храна и детергенти. Донирањето ќе започне утре,  на ден 08.04.2020 год (среда), од 08:00 до 15:00 часот.

„Сите фамилии кои имаат потреба можат да се јават на телефонскиот број 078 327 732 и да резервираат , а потоа хуманитарниот пакет да го подигнат во просториите на Станицата за технички преглед – Еуро Контрол која се наоѓа во стара Стружанка. ВАЖНО: бројот на хуманитарни пакети е ограничен и предност ќе имаат фамилиите со отежната финансиска и економска ситуација. Еуро Контрол ви посакува добро здравје и лесно надминување на оваа ситуација. (Остани дома – спаси живот). “ – стои во соопштението од Станица за технички преглед – Еуро Контрол.

Strugaonline

Facebook Коментари