Стендап-претставата „Влези, не се соблакај“ од Весна Петрушевска на 5-ти мај пред охридската публика

- Локални
441
Во петок, 5-ти мај, со почеток во 20:00 часот,  во Центар за култура ,,Григор Прличев“ во Охрид ќе се игра стенд-ап претставата ,,Влези не се соблекувај“ од актерката Весна Петрушевска
Стендап-претставата „Влези, не се соблакај“, е исповед за животот на Весна Петрушевска, во ко­ја во час и половина низ солзи и смеа се раскажуваат нејзините подеми и падо­ви, како и најзначајните моменти од нејзиниот жи­вот, дет­ството, мла­доста, мажачката и инцидентот со автомобилот што ѝ падна во Вардар.
Актерката низ хумор раскажува како го запознала и се венчала со својот поранешен сопруг, но и за врската со помладото момче, со кого откако раскинала, ослабнала 20 килограми. Раскажува и за тешките моменти на својот живот и за тоа како никогаш не верувала дека ќе падне во клиничка депресија.
Билети можете да набавите на билетарата при охридскиот Центар за култура секој работен ден, по цена од 250 денари.

Facebook Коментари