Во рамките на Посланието посветено на струшкиот писател Петко Шипинкароски , во Центарот за култура Браќа Миладиновци во Струга , а во организација на Културен центар Бран и Меѓународната ревија за литература „Бранувања“ беше отворена изложба на портрети од писателот Шипинкароски, фотографиите ги изработи фоторепортерот Стојан Кукунешоски.
Освен портретите, беа изложени и 19-те насловни страници од ревијата ,,Бранувања“.
Изложбата ја отвори познатиот македонски писател, поет и публицист Мишо Китаноски, а за изложениет фотографии зборуваше самиот автор Кукунешоски, кој меѓудругот истакна дека со Петко Шипинкаровски бил пријател долги години.
-Имав прилика одблиску да го запознам и да ја почуствувам неговата добрина и работливост. Најчесто се прашувавме тој за моите фотографски остварувања, а јас за неговито литераурно творештво ,мислам дека и тоа не оджуваше и во исто време делуваше како синергија, а тоа значеше во исто време и закажување на нова средба и ново видување. Во неговиот благороден лик се обидував на сите средби што ги организираше тој, да го пронајдам човекољубието негово со сите учесници на неговите убаво организирани средби посветени на литературата.-вели Кукунешсоки.
На изложбата беа презентирани и 19 – те насловни страници на Меѓународната ревија „Бранувања“ бидејќи Петко Шипинкароски многу се посвети на уредувањето на литературната ревија што привлече многу читатели и почитувачи и љубители на поезијата и литературата воопшто.
-Се поклонуваме пред неговиот лик со уверување дека никогаш нема да го заборавиме нашиот Петко Шипинкаровски.-додаде Стојан Кукунешоски
Strugaonline
Facebook Коментари