Раководството на СДСМ-Струга оствари средба со граѓаните

- Локални
768
Членовите на СДСМ-Струга остварија средба со граѓаните.
На средбата присуствуваше пратеникот Јован Митрески, директорот на агенција за млади и спорт Наумче Мојсовски и претседателката на општинската организација во Струга, Соња Стојкоска.
– На почетокот на средбата, со едноминутно молчење оддадовме почит на нашиот другар Трајче Нешковски, кој прерано и трагично не напушти. Слава му на Трајче, останува засекогаш да живее во нашите срца и мисли. Нека почива во мир.-велат од партијата.
-Особено ни е драго што изминативе години направивме прогрес во развојот на овој град, и ќе продолжиме со уште позасилено темпо и во следниот период.
Изминатиов период ставивме акцент на инвестициите во делот на инфраструктурата, кои се од исклучително значење за регионалниот економски развој и за подобрување на условите за живот на граѓаните во овој регион.
Не застануваме тука, ќе продолжиме со уште позасилено темпо уште подобро и повеќе.- потенцираат од СДСМ Струга.
Средбата се одржа со строго почитување на мерките за заштита од вирусот Ковид19.
Strugaonline

Facebook Коментари