Стојанчо Арнаудоски е избран за Основен јавен обвинител на ОЈО Струга
Со девет гласови ,,за“, Советот на јавни обвинители го избра Стојанчо Арнаудоски за Основен јавен обвинител на ОЈО Струга.

– На огласот објавен на 1-ви октомври се јавиле тројца кандидати, Џемал Лога, Благоја Даскалоски и Стојанчо Арнаудоски. Комисија од три члена ги разгледа кандидатурите. Сите доставиле потребни документи и сите имаат непрекинат работен стаж од најмалку шест години, согалсно Закон за Јавно обвинителство, информираат од Советот.
Арнаудоски е јавен обвинител во ОЈО Охрид од 2011 година па сé до денес и има стаж од девет години како јавен обвинител.
За другите двајца кандидати, Лога и Даскалоски, гласае двајца, односно четворица членови на советот.

