Филипче: Состојбата се смирува, но апелирам на максимална внимателност

- Македонија
357
Министерот Филипче информираше дека на  редовниот утрински состанок со директорите на ковид центрите  и денеска ја анализирале состојбата во изминатите 24 часа.
-Состојбата со вирусот се смирува, епидемиолошката крива спласнува, а тоа го гледаме по бројот на новодијагностицирани случаи, веќе повеќе денови по ред се намалуваат. Спласнува притисокот врз болниците, иако не се целосно ослободени голем број на одделенија, бидејќи карактеристично за овој бран е влошувањата кај пациентите да настапуваат малку покасно, па оттука циклусот на ослободување на болничките капацитети доаѓа 2-3 недели подоцна.-вели Филипче.
Тој апелира на максимална внимателност во периодот што претстои.
Strugaonline

Facebook Коментари