Стручниот тим на Музеј ,,Д-р Никола Незлобински” започна самостојно да врши превенција од секаков вид на штетници

- Локални
1102
Музејот ,,Д-р Никола Незлобински” започна самостојно да врши превенција од секаков вид на штетници.
Токму деновиве се одвива целосно третирање против штетници, но  ќе се разубавуваат и витрините во кои се поставени експонатите.
-Музејот е составен од збирка на препрарирани животни од природни материјали кои се честа мета на разни штетници, како што се: крлежи, молци, вошки, болви, муви и друго. За да се спречи уништување на збирката, долги години наназад Музејот беше третиран само од надворешни соработници, а сега се појави потреба од почести превентивни третирања и се создадоа  услови за истите. Стручниот колетив кој го имаме овозможува третирањето да се врши почесто и самостојно. Третирањето подразбира прскање со соодветни препарати кои се со задоволени ЕУ стандарди, ефикасни за заштита на збирката, а помалку штетни за човекот. -изјави за Strugaonline, Васко Јолески, самостоен препаратор и предводник на тимот кој го врши потребното третирање.
Тој додава дека чувството да се има  тим со таков интелектуален капацитет и стручност е големо задоволство.
Strugaonline

Facebook Коментари