Лев банер Десен банер

Струга цврсто зад Коридорот 8: Проектот е неопходност за развојот на регионот

Општина Струга останува силно посветена на реализацијата на Коридор 8, оценувајќи го како клучен проект за економскиот развој, инфраструктурната поврзаност и европската перспектива на државата и регионот.

Градоначалникот Менди Ќура потенцира дека изградбата на делницата Требеништа – Ќафасан е од суштинско значење и мора да продолжи без одложување. Според него, неопходна е координирана и одговорна акција од сите институции, со цел да се изнајде решение кое ќе ги усогласи развојните приоритети со препораките на УНЕСКО.

Токму ова прашање било во фокусот на состанокот на високо ниво одржан во Париз во текот на февруари, на кој присуствувал и градоначалникот Ќура. Од Општината информираат дека веќе е доставено јасно и недвосмислено позитивно мислење за реализацијата на проектот до надлежното Министерство за животна средина, нагласувајќи дека неговата имплементација е од клучно значење за иднината на регионот.

Во насока на транспарентност и вклучување на јавноста, Општината ја поздравува иницијативата на Бехтел Енка за организирање јавна консултативна средба, која ќе овозможи активно учество на граѓаните во процесот на подготовка на проектната документација.

Средбата ќе се одржи утре (вторник) со почеток во 12:00 часот, во салата на Советот на Општина Струга, каде сите заинтересирани ќе имаат можност да се информираат и да дадат свој придонес.

Од Општина Струга нагласуваат дека остануваат доследни во своите заложби за реализација на Коридорот VIII, потенцирајќи дека овој проект не е само инфраструктурен зафат, туку стратешка насока за идниот развој на Струга и целиот регион.

StrugaOnline

error: