Струга доби ново омилено место покрај Црн Дрим – отворен „Дрим Бар Барабар“
Струга доби ново катче за уживање и релаксација покрај реката Црн Дрим. Станува збор за „Дрим Бар Барабар“, нов бар кој нуди опуштена атмосфера, прекрасен поглед кон реката и богата понуда на освежителни пијалаци и храна.
Лоциран до Општата болница во Струга, во просториите на поранешното Рапи Радио, новоотворениот бар е замислен како место каде посетителите ќе можат да уживаат во природата, добрата енергија и уникатниот амбиент покрај вода.
Во понудата на „Дрим Бар Барабар“ се наоѓаат смутиња, коктели, ароматизирани кафиња, лимонади, свежо цедени сокови, како и пијалаци за носење („to go“). За љубителите на добрата храна достапни се и специјалитети подготвени од „Барабар“.
Посебен шарм на просторот му даваат лежалките, лејзи-беговите и уредениот дел за одмор, кои овозможуваат посетителите да се релаксираат со поглед кон Црн Дрим и да избегаат од секојдневното градско темпо.
Со отворањето на „Дрим Бар Барабар“, Струга добива уште една атрактивна локација за дружење во летните денови, наменета за сите генерации кои бараат мирна атмосфера, освежителни вкусови и убав поглед во срцето на градот.
StrugaOnline

