Лев банер Десен банер

Соларен саем утре во Струга, граѓаните ќе се информираат за придобивките од сончевата енергија

Струга утре, 23 јуни ќе биде домаќин на Соларен саем посветен на сончевата енергија и обновливите извори на енергија. Настанот ќе се одржи пред зградата на Општина Струга во периодот од 17:30 до 20:30 часот.

Целта на саемот е да ги запознае граѓаните со можностите што ги нуди користењето на сончевата енергија, како и со придобивките од инсталирањето фотоволтаични системи во домаќинствата.

Посетителите ќе имаат можност да добијат корисни информации за современите енергетски решенија, начините за намалување на трошоците за електрична енергија и придонесот кон заштитата на животната средина преку користење обновливи извори на енергија.

Организаторите најавуваат информативна и едукативна програма, наменета за сите граѓани кои сакаат да дознаат повеќе за одржливите енергетски практики и можностите за создавање поефикасна и позелена иднина.

Соларниот саем ќе се одржи на 23 јуни пред Општина Струга, а влезот за посетителите е слободен.

StrugaOnline

error: