Струга доби шеснаесет нови лични асистенти за лица со попреченост

- Локални
2553
На 24-ти јануари во просториите на Црвениот крст-Струга се одржа завршниот настан за доделување на сертификати на учесниците во обуката за ,, Личен асистент на лица со попреченост.“
-На обуката успешно беа сертифицирани 16 нови асистенти. Истата се одвиваше во периодот од 13.10.2023 до 15.12.2023, а учесниците ги стекнаа потребните теоретски и практични вештини.-информираат од струшкиот Црвен крст.
Една од шеснаесетте лиценцирани асистенти е и Лидија Николовска која со многу љубов пристапила кон овој проект и вели дека очекува подигнување на свеста во општеството за тоа дека на лицата со попреченост им е потребна голема помош во секојдневното функционирање.
-На оваа обука многу научивме за тоа како да помогнеме и да се вклопиме во животот на лицата на кои што им е потребен асистент. Имавме навистина квалитетни предавања од страна на стручен тим составен од доктор, медицинска сестра, дефектолог и социолог.  Освен стекнатото знаење, мислам дека за оваа работа е потребна многу љубов и многу трпение.-потенцира Николовска.
Таа додава дека ќе го даде својот максимум успешно да се вклопи во секојдневието на лицата со попреченост,  да помогне колку што е можно повеќе и да има добра комуникација со оваа катагорија граѓани.

Facebook Коментари