Струга е подготвена за „Водици“ 2020 – капачите ќе се пријавуваат утре од 09:00 часот

- Локални
1828

Утре, на големиот празник Свето Богојавление -Водици, во Црлвата Свети Ѓорѓи во Струга, Утрена Богослужба ќе започне во 06 и 30 часот, а од 08:00 до 09:30 часот следува Василиева литургија. Во 10:30 часот e закажано тргнување со литија кон мостот и дочекување на Митрополит Тимотеј. Крстот во водите на реката Црн Дрим ќе биде спуштен во 11:00 часот. И годинава се очекува голем број верници да присуствуваат на познатата церемонија на спуштање на Светиот Крст во водите на реката Црн Дрим. Пријавувањето на капачите е закажано за утре од 09:00 часот пред хотел Београд. Кумови за Водици оваа година се Ѓорѓи Голабоски и Никола Голубовиќ.

Strugaonline

Facebook Коментари