Струга има отворена библиотека во која функционира локалната акција ,,Земи книга, остави книга“

- Локални
531

Во Струга беа поставени книги во отворената библиотека и беше испратена порака за важноста на читањето, граѓанската солидарност преку подарување книга – примање книга, каде што присуствуваа ученици, професори, претставници од граѓанскиот сектор. Оваа активност е продолжение на Локалната Акција: Земи книга, остави книга, спроведена од КАБ – Струга и поддржана од Центарот на Заедницата на Општина Струга во рамки на проектот: Активни граѓани, нов бран за промени на заедницата, кое е поддржано од Олоф Палме Интернационалниот Центар.

Мини-библиотеката во форма на некогашната Саат-кула на нашиот град, ќе им служи на сите љубители на книгата кои ќе можат да земат и да остават книги.
Објектот се наоѓа во дворот од  СОУ , ,Нико Нестор”.
Strugaonline

 

Facebook Коментари