Струга ја зголеми понудата и атрактивноста како туристичка дестинација

- Локални
409

Струга е една од 14-те најуспешни приказни во рамките на Проектот за локална и регионална конкурентност (ПЛРК), четиригодишна инвестициска операција финансирана со донација од Европската унија (ИПА 2). Потпроектот „Струга – твојата туристичка дестинација“ доби поддршка со цел зголемување на понудата и атрактивноста на оваа наша туристичка дестинација.

Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, изрази голема благодарност и почит кон ЕУ (ИПА2) и кон Светска банка за финансиската поддршка на капиталниот проект за реконструкција на велосипедската и пешачката патека на улицата „Партизанска“ во Општина Струга.

– Тоа е интерес на развојот на туризмот, спортот, а особено на велосипедизмот како и на спортско-рекреативните активности во крајбрежниот појас. Истовремено се овозможува одржување на голем број спортски манифестации – трка на поезијата, училишни олимпијади, школски натпревари и настани од државно, регионално и светско првенство – вели Мерко.

Вкупниот буџет за потпроектот изнесува 631.846 евра, од кои Европската Унија и Владата на Република Северна Македонија обезбедија 568.625 евра, а Општина Струга учествуваше со 63.221 евра.

Целиот текст можете да го прочитате на следниов ЛИНК 

Извор: umno.mk

 

Facebook Коментари