Лев банер Десен банер

Струга претставена на Саемот за туризам во Косово

По двегодишна пауза поради ковид пандемијата, градот Струга повторно ги претставува своите туристички потенцијали, овојпат на Меѓународниот саем за туризам и спорт во Република Косово, односно во Приштина.
На учесниците на саемот и на косовските туристички работници и пошироко им беа претставени убавините на Струга.
Горди сме што постојано ја подобруваме туристичката понуда, ги следиме светските трендови  создавајќи нови форми на алтернативен туризам ја промовираме нашата прекрасна Струга.- велат од Општина Струга.
  -Подготвуваме и заеднички проекти со соседните земји кои им овозможуваат на вработените во туризмот да понудат нови пакети и предизвикуваат интерес кај гостите од цела Европа, а зошто не и од целиот свет.-додаваат од општината.

error: